Цената на гасот падна под 26 евра за мегават час

71

Цената на природниот гас од холандскиот центар ТТФ вчераа падна под 26 евра за мегават час за прв пат по една година и осум месеци.

Експертите го објаснуваат падот на цените на прекумерната понуда и не исклучуваат натамошен пад на цените, пренесува германската новинска агенција dpa.

Цените на гасот почнаа значително да паѓаат кон средината на минатиот декември, откако на крајот на август беше постигнат ценовен рекорд од речиси 346 евра за мегават час. Тогаш Русија брзо почна да ги намалува или суспендира испораките на членките на ЕУ.

Исто така, релативно благата зима не ги испразни претерано подземните складишта за гас, а сега во тек е нивно забрзано полнење пред следната сезона есен-зима. Целта на ЕУ е да достигне најмалку 90% од капацитетот за складирање на гас на почетокот на следната зима, во моментов тој е веќе повеќе од 66 отсто.