Цената на гасот под 800 долари за илјада кубни метри

37

Цената на гасот во Европа утрово на отворањето на тргувањето на берзата ICE падна под 800 долари за илјада кубни метри, во очекување на зголемени испораки од Русија.

Цената на декемвриските фјучерси во центарот TTF во Холандија падна на 791,6 долари за илјада кубни метри, или 66 евра за мегават-час врз основа на тековниот курс евро/долар.

Утрово испораките на гас преку гасоводот Јамал-Европа се зголемија за речиси четвртина во однос на вторникот.

Дополнително, руски „Газпром“ денеска поднесе барање за искористување на максималниот обем на транзит на гас преку Украина, од 109,3 милиони кубни метри дневно.

Во вторникот „Газпром“ објави дека одобрил и започнал со имплементација на планот за полнење на пет од своите подземни складишта во Европа.