Цената на гасот повторно порасна

76

Цената на гасот во Европа утрово порасна на почетокот на тргувањето на лондонската берза ICE над 960 долари за 1.000 кубни метри.

Фјучерсите на гас за декемвриска испорака се тргуваа во холандскиот центар ТТФ по цена од околу 962,2 долари за 1.000 кубни метри, или 80,5 евра за MWh по тековниот курс евро-долар, пренесува агенцијата Тасс.

Испораките на гас преку гасоводот Џамал-Европа меѓу Русија и Германија, по три последователни дена проток од четврток до сабота, нема да бидат пуштени денеска, според информациите од веб-страницата на германската компанија за пренос на гас Гаскад, пренесува Ројтерс.