Цената на гасот продолжува да паѓа

83

Цената на природниот гас на холандската берза ТТФ продолжува да паѓа, а на почетокот на оваа недела јунските фјучерси се тргуваа по 36 евра за мегават-час.

Во првата недела од мај цената на гасот падна за 5,1 отсто, а трендот на намалување на цените продолжува.

Највисоката цена на гасот на берзата ТТФ е забележана во август, кога достигна 339 евра за мегават-час.

Од средината на декември цената на фјучерсите на гасот е во постојан пад.

Се очекува цената на гасот да продолжи да паѓа
Сепак, обемот на тргување со природен гас во Европа не е толку голем како вообичаено во овој период од годината, бидејќи инвеститорите се двоумат, верувајќи дека цените на гасот ќе продолжат да паѓаат, пренесува Bloomberg.

– Некои очекуваат дека цената на природниот гас ќе се намали на само 10 евра за мегават-час, односно за 70 отсто во однос на сегашното ниво, смета експертот на европската енергетска компанија МЕТ холдинг, Клаус Рејниш.

Ако тоа воопшто се случи, „нема да потрае долго“, додаде тој.

Пазарот е сè уште многу чувствителен, а можното нагло зголемување на потрошувачката на гас во индустријата во комбинација со зголемувањето на побарувачката на гас од азиските земји е ризично.

Аналитичарите на групацијата „Голдман Сакс“ и „Бостон консалтинг груп“ сметаат дека под одредени околности можно е цената на гасот повторно да порасне на ниво над 100 евра за мегават-час.