Цената на гасот во Европа денес е над 1.100 долари

71

Цената на гасот во европската трговија и натаму е над 1.100 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.

Во холандскиот центар ТТF утрово се тргуваше гас за испорака во јуни (фјучерси) по цена од 1.118 долари за илјада кубни метри, што одговара на 103 евра за мегават-час (MWh) по тековниот курс на еврото во однос на доларот, пренесe ТАСС.

Вкупниот раст на цените на гасот на дневна основа е над 6,0 отсто.