Цената на гасот во Европа денеска се искачи на 1.820 долари

26

Цената на гасот во Европа денеска порасна на речиси 1.820 долари за 1.000 кубни метри на отворањето на тргувањето, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.

Гасот за испорака во август е договорен во холандскиот центар ТТФ по цена од 1.819 долари за илјада кубни метри, што е 168,5 евра за мегават-час (MWh) по тековниот курс на еврото во однос на доларот, пренесува агенцијата Тасс.

Од почетокот на денешното тргување, цената на гасот е зголемена за повеќе од 3,0 отсто.