Цената на гасот во Европа надмина 1.900 долари за илјада кубни метри

53

Цената на природниот гас во Европа го надмина нивото од 1.900 долари за 1.000 кубни метри на денешната трговска сесија, поради привремениот прекин на производството на наоѓалиште на гас во Норвешка.

На холандската берза ТТФ, цената на гасот за испорака во август беше 1.910 долари за илјада кубни метри, или 184 евра за мегават-час (MWh), што е за 5,0 отсто повеќе од почетокот на трговската сесија, покажаа податоците од лондонската берза ICE. известува Тас с.

Во Норвешка во вторникот беше објавено дека техничките проблеми на полето Слепнер доведоа до истекување и привремен прекин на производството и испораката на гас во Европа.