Цената на гасот во Европа падна петти ден по ред

65

Цената на природниот гас во Европа се намалува петти ден по ред, бидејќи метеоролозите прогнозираат дека температурите ќе останат благи до Нова година, додека залихите во складиштата за гас се многу.
Цената на гасот за испорака во следниот месец (фјучерс договори) падна на холандската берза за гас за 5,1 отсто на 92,75 евра за мегават-час во тргувањето во 10:12 часот, пишува Блумберг.

Цените на  гасот во Европа беа на надолна траекторија во последните две недели благодарение на благото време што ја намали побарувачката за гас. Дополнително, потрошувачката на индустриски гас, веќе намалена поради високите цени на гасот на почетокот на годината, е намалена овие денови како што е вообичаено за време на празничната сезона.

Снабдувањето со течен природен гас (LNG) е сè уште силно, флотила танкери плови кон северозападна Европа, а Германија лансира два нови увозни терминали, се додава во текстот.