Цената на гасот во Европа повторно е над 1.100 долари

23

Цената на гасот во Европа денеска се искачи над 1.100 долари за илјада кубни метри, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.

Нафтата за испорака во мај (фјучерс договори) се тргуваше во холандскиот центар ТТF по цена од 1.101,6 долари за 1.000 кубни метри, или 97,65 евра за мегават час, пренесе ТАСС.

Цената на гасот во Европа падна под 1.000 долари за илјада кубни метри на 19 април, за прв пат од 23 февруари, забележува руската агенција.