Цената на гасот во Европа повторно скокна

58

Цената на гасот во Европа денеска надмина 1.900 долари за 1.000 кубни метри, првпат од 9 март годинава, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.

Цената на гасот за испорака во август (фјучерс договори) се зголеми во холандскиот центар ТТФ на 1.926 долари за илјада кубни метри, или 182,65 евра за мегават-час (MWh), пренесува Tas s.

Од почетокот на денешното тргување, цената на гасот на дневна основа скокна за речиси 7,0 отсто.