Цената на гасот во Европа повторно скокна

93

Цената на гасот во Европа денеска се искачи над 2.450 долари за 1.000 кубни метри, првпат од 8 март, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.

Од почетокот на денешното тргување цената скокна за повеќе од 6,0 отсто, пренесува агенцијата Тас.

Гасот за испорака во септември беше договорен во холандскиот центар ТТФ по цена од 2.464 долари за илјада кубни метри, или 234,5 евра за мегават-час (MWh), по тековниот курс на доларот во однос на еврото.

Гаспром претходно денеска објави дека неговиот извоз на гас во земјите надвор од Заедницата на независни држави (ЗНД) е намален за 34,7 отсто на 75,3 милијарди кубни метри во периодот јануари-јули 2022 година.