Цената на литиумот во Кина е најниска во последните две години

48

Според податоците на кинеските берзи, цената на литиумот падна на најниско ниво од септември 2021 година.

Вредноста на литиум карбонат падна под 165.000 кинески јуани, односно под 21.275 евра за тон.

Цената на литиум карбонат падна за 2,95 отсто на месечно ниво, а за 70,23 отсто на годишно ниво.

Како што пренесува порталот Trading Economics, во септември во Кина е забележано намалување на купувањето нови електрични возила за 11 отсто на годишно ниво, бидејќи домаќинствата значително ги ограничиле големите набавки, пренесува Танјуг.