Цената на нафтата бележи благ раст

68

Нафтениот пазар од утрово бележи благ раст. Цената на барел нафта на лондонскиот пазар изнесува 113 долари за барел, што е раст од околу 1 отсто во однос на вчерашниот ден. Цената на нафтата на американскиот пазар е 111 долари.

Пазарот на криптовалути од утрово е во плус. Вредноста на биткоинот е 30.163 долари, што е зголемување за речиси 3% во однос на вчера. Други криптовалути се исто така во зелено.

Цена на пченица и пченка

Цените на житата од утрово се во минус. Цената на пченицата е 1.168 долари за тон, што е слична вредност како вчера. Цената на пченката е 778 долари, што е пад од околу 1% во однос на вчера.