
На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути е стабилна пред извештајот за инфлацијата.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,86 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 103,84 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 150,45 на 150,05 јени.
Сепак, американската валута благо зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0835 долари, додека вчера во ова време беше 1,0840 долари.
Цените на нафтата, пак, загубија дел од вчерашните добивки. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,07 отсто, на 83,60 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,03 отсто, на 78,50 долари.











