
На девизните пазари, пак, вредноста на доларот во однос на кошничката валути порасна, по извештајот за инфлацијата во САД.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 104,95 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 104,14 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 149,40 на 150,50 јени.
Aмериканската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0715 долари, додека вчера во ова време беше 1,0770 долари.
Цените на нафтата, пак, благо паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово ослабе за 0,13 отсто, на 82,65 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,05 отсто, на 77,85 долари.











