Цената на нафтата „брент“ падна под 80 долари за барел

22

Цените на нафтата сега се стабилни по минатонеделниот пад. Утрово барелот на европскиот пазар изнесува 79 долари, што е за околу 1 процент повисоко од претходната недела. ВТИ се тргува по цена од 75,59 долари за барел.

Цените се стабилизираа откако рускиот вицепремиер Александар Новак ги опиша нафтените пазари минатата недела како избалансирани.

Групата водечки производители на нафта ОПЕК + не гледа потреба од дополнително намалување на производството на нафта, но секогаш е способна да ја прилагоди својата политика, рече Новак.