Цената на нафтата и утрово бележи пад

84

Нафтениот пазар и утринава паѓа. Вредноста на барел нафта на лондонскиот пазар утрово изнесуваше 107 долари, што е намалување за 4 отсто во однос на вчера.

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) денеска ќе одржи итен состанок со земјите-членки за да се договори за ново ослободување нафта од стратешките резерви, заедно со планот на САД да пласира огромни количини резерви на пазарот почнувајќи од мај за да се разлади „жешката“ цена.

Додека групата ОПЕК +, која ги обединува најголемите светски производители на нафта, одлучи во четвртокот да се држи до планот за зголемување на производството за скромни 432.000 барели дневно во мај, големите потрошувачи бараат начини да ги ублажат економските последици од порастот на глобалната цените на црното злато кое годинава скокна за повеќе од 30 отсто.