Цената на нафтата изнесува 122 долари за барел

30

Цената на нафтата на лондонскиот пазар утринава изнесува 122 долари, а на американската WTI изнесува 120 долари. Пред три недели барелот беше на ниво од околу 110 долари и помалку, а цената во последните денови континуирано расте.

Биткоинот 27.000 долари

Пазарот на криптовалути од утрово е во минус. Вредноста на биткоинот денес изнесува 27.492 долари, што е намалување за речиси 6% во однос на вчера. Другите криптовалути се исто така во минус.

Цена на пченица и пченка
Цената на пченицата од утрово е во минус. Цената на пченицата е 1.070 долари за тон, што е намалување за речиси 1 отсто во однос на вчера. Цената на пченката е 773 долари, што е слична вредност како вчера.