Цената на нафтата може да скокне до 140 долари за барел

101

Светската цена на нафтата би можела да порасне за 40 отсто, или до околу 140 долари за барел, доколку не се прифати предложената горна граница на цената на руската нафта, заедно со исклучоците од санкциите што ќе овозможат испораки под таа цена, изјави висок американски службеник од министерството за финансии.

Министерката за финансии Џенет Јелен ќе разговара за спроведувањето на предложениот плафон за цената на нафтата со јапонскиот министер за финансии Шуничи Сузуки кога ќе се состанат во вторник, рече официјалниот претставник.

Јапонските власти изразија загриженост поради тоа што плафонот на цените е пренизок, но веднаш не ја исклучија потенцијалната цена од 40 до 60 долари за барел, рече претставникот.