Цената на нафтата на лондонскиот пазар минатата недела потона за речиси 10 отсто

71

На лондонскиот пазар минатата недела цената на нафтата потона за речиси 10 отсто, спуштајќи се на најниските нивоа од крајот на 2021 година, бидејќи трговците стравуваат дека поради бавниот раст на светската економија, побарувачката за „црното злато“ ќе ослабне.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела потона за 9,8 отсто, на 71,06 долари, што е најниско ниво од декември 2021 година.

На американскиот пазар, пак, цената на барелот се намали за 8 отсто, на 67,67 долари, што е најниско ниво од јуни 2023 година.

Слаба побарувачка за нафта
По падот на цената на нафтата во август, нивниот негативен тренд продолжи и на почетокот на септември, бидејќи трговците се загрижени поради забавувањето на растот на најголемите светски економии, поради што слабее побарувачката за „црното злато“.

Сите најнови податоци покажуваат дека растот на американската економија забавува, а кинеската економија не расте толку брзо како што очекуваа аналитичарите на почетокот на годината.

Економијата на еврозоната исто така бавно расте. Затоа ниту најавите за намалување на каматните стапки од страна на американските и европските централни банки во септември не ги охрабрија трговците.