Цената на нафтата на меѓународните берзи се зголеми на 101 долар

40

Цените на нафтата пораснаа на меѓународните пазари до 101 долар по изјавата на американски функционер дека не се очекува брз пораст на саудиското производство и навестува поблаг пораст на каматните стапки во Соединетите Американски Држави (САД).

На лондонскиот пазар  цената на барелот изнесува 101 долар, додека американската WTI се тргува по цена под 100 долари, односно 97 долари за барел.