Цената на нафтата на светските берзи продолжи да паѓа

59

Цените на нафтата на светските берзи продолжија да паѓаат поттикнати од ставувањата дека проблемите во глобалниот банкарски сектор и потенцијалното зголемување на каматната стапка во САД, откако тоа веќе го направи и Европската централна банка, може да предизвикаат рецесија која пак би ја намалила побарувачката.

На лондонската берза цената на барел нафта утрово се тргува за 74,84 долари.

На американската берза цената на барел нафта, исто така со рок на испорака во април, денеска се продава за 69,17 долари за барел покажуваат податоците на Oilprice.

На крајот на минатата недела пазарите ги потресе продлабочувањето на кризата во банкарскито сектор во САД и Швајцарија. Инвеститорите стравуваат дека кризата би можела да ја втурне глобалната економија во рецесија, што ќе значи и помала побарувачка за фосилните горива.

Минатата недела швајцарските регулатори посредуваа во постигнувањето договор за превземање на Кредит Свис од страна на УБС, за да се обезбеди ликвидноста и да се заштити швајцарскито финансиски сектор.

Фото: Pixabay