Цената на нафтата падна

Цените на нафтата,  загубија дел од вчерашните добивки. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово ослабе за 0,11 отсто, на 85,60 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,10 отсто, на 81,20 долари.

На валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката на валути значително се зголеми, па доларот трета недела по ред е на пат кон благ неделен раст.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 105,66 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 105,23 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 158,10 на 159,05 јени.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0710 долари, додека вчера во ова време беше 1,0745 долари.

Зајакнувањето на доларот е благодарение на проценките дека американската ФЕД ќе ги задржи каматните стапки на покачени нивоа подолго од централните банки во Европа.

Швајцарската централна банка вчера по втор пат ги намали каматните стапки за 0,25 процентни поени, а иако британската централна банка ги остави каматните стапки непроменети, се очекува наскоро да ја намали и цената на парите.