Цените на нафтата паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се намали за 0,54 отсто, на 86,85 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,62 отсто, на 83,35 долари.
На девизните пазари, пак, вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна на најниско ниво во последните три недели.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 105,05 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 105,66 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 161,50 на 161,40 јени.
Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0795 долари, додека вчера во ова време беше 1,0750 долари.