Цената на нафтата падна

17

На девизните пазари,  зајакна вредноста на доларот во однос на кошничката на валути.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 103,87 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 103,68 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 150,30 на 151,35 јени, што е највисоко ниво во последните четири месеци.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0870 долари, додека вчера во ова време беше 1,0875 долари.

Цените на нафтата, пак, загубија дел од вчерашните добивки. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се намали за 0,19 отсто, на 87,20 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,31 отсто, на 83,20 долари.