Цената на нафтата падна, доларот ослабе

18

На валутните пазари, пак, падна вредноста на доларот во однос на кошничката на валути.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 106,03 поени, додека во петокот навечер беше 106,12 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 154,65 на 154,70 јени, недалеку од највисокото ниво во последните 34 месеци.

Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0665 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0655 долари.

Цените на нафтата, пак, дополнително паднаа, откако минатата недела потонаа за повеќе од 3 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,87 отсто, на 86,55 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 0,84 отсто, на 82,45 долари.