Цената на нафтата падна – и европските берзански индекси трет ден по ред бележат пад

66

Денеска европските берзански индекси трет ден по ред бележат пад, американските индекси пораснаа, додека на пазарите истовремено е забележан пад на цените на нафтата и златото. Франкфуртската берза DAX денеска во 9:15 часот падна на 18.503,45 поени, британскиот FTSE 100 на 8.158,80 поени, францускиот CAC 40 на 7.576,35 поени, а московскиот MOEX на 2.942,09 поени.

Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 33,095 евра за мегават-час.

Цената на пченицата порасна на 5,3286 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08980, што е приближно исто како во вторникот, пренесува Танјуг.