Цените на нафтата паднаа

106

Цените на нафтата утрово дополнително паднаа, додека пред една недела беа над 130 долари за барел. Утрово цената на нафтата Брент изнесува 101 долари, додека WTI се тргува по цена под 100 долари, односно 98,08.

Цените на нафтата вчера паднаа за повеќе од 7,0 отсто, бидејќи стравувањата од недостиг од снабдување беа заменети со надежи дека новата рунда руско-украински мировни преговори ќе вроди со плод.

Европската нафта Брент моментално поевтини за 8,25 долари или 7,32 отсто и се тргува за 104,4 долари за барел, покажуваат најновите податоци на специјализираната веб-страница Oilprice, која ги следи движењата на цените во реално време.

Американската нафта WTI потона за 8,52 долари или 7,79 отсто на 100,8 долари за барел.

Оптимизмот на пазарот дека продолжувањето на преговорите меѓу Русија и Украина може да доведе до прекин на воениот конфликт беше поттикнат од изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски во текот на викендот дека има знаци дека разговорите стануваат позначајни, пишува Блумберг.