Цената на нафтата падна под 100 долари за барел

62

Цената на нафтата од утрово паѓа. Вредноста на барелот на лондонскиот пазар утрово падна под 100 долари односно на 98 долари за барел. Сега нафтата брент се тргува по цена од 100, 2 долари за барел. Американската нафта се тргува по цена од 94 долари за барел.

Пазарот на криптовалути од утрово е во минус, вредноста на Биткоинот е 22.909 долари, што претставува пад од околу 2 отсто во споредба со вчера. Другите криптовалути се исто така во минус.