Цената на нафтата падна

30

Цените на нафтата паднаа денеска, откако американските власти потврдија дека ќе ослободат милиони барели од нивните стратешки резерви, пркосејќи им на шпекулациите дека потегот ќе биде обратен или барем одложен, објави Ројтерс. Ослободувањето беше одобрено со гласање во Конгресот.

Фјучерсите на северноморскиот брент се продаваат за 86,17 долари за барел.

Американската лесна нафта поевтини за се тргува за  79,40 долари за барел.

Американското Министерство за енергетика по завршувањето на претходната трговска сесија објави дека ќе продаде 26 милиони барели од својата стратешка резерва, што би можело да ја доведе до историски најниско ниво од 1983 година.

Експертите очекуваа дека продажбата ќе биде откажана откако американската администрација продаде рекордни 180 милиони барели резерви минатата година. Сепак, отповикувањето може да го направи само Конгресот кој ја одобрил продажбата.

Фото: Facebook