Цената на нафтата паѓа втор ден по ред

89

Цените на нафтата денеска паднаа поради знаците за напредок на мировните преговори меѓу Русија и Украина, но и поради карантинот воведен во кинескиот град Шангај кој е еден од најголемите финансиски центри.

Нафтениот пазар од утрово е стабилен и бележи благ пад на цената на барелот во однос на вчерашниот ден. Вредноста на барел нафта од утринава на лондонскиот пазар изнесува 112 долари. На американскиот пазар цената на барелот е 106 долари.