Цената на нафтата порасна

На валутните пазари, пак, вредноста на доларот во однос на кошницата валути стагнира во пресрет на извештајот на Пауел.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 103,85 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 103,86 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 150,45 на 150,05 јени.

Сепак, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0845 долари, додека вчера во ова време беше 1,0850 долари.

Цените на нафтата, пак, пораснаа по два дена пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,29 отсто, на 82,30 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,31 отсто, на 78,40 долари.