Цената на нафтата порасна

На девизните пазари, пак, вредноста на доларот во однос на кошничката валути дополнително падна, па е на пат кон значителна неделна загуба.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 102,80 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 103,30 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 148,55 на 147,55 јени.

Остриот пад на курсот на доларот во однос на јенот е последица на оценката дека јапонската централна банка наскоро би можела да започне со нормализирање на монетарната политика, по години на исклучително поддржувачка политика.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0950 долари, блиску до највисокото ниво во последните два месеци, додека вчера во овој момент беше 1,0895 долари.

Вчера челниците на Европската централна банка очекувано ги оставија каматните стапки непроменети, но сигнализираа дека од јуни може да почнат со намалување на каматите.

Од почетокот на неделата еврото во однос на доларот зајакна за околу 1 отсто, а јенот за околу 1,5 отсто.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,51 отсто, на 83,40 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,66 отсто, на 79,45 долари.