Цената на нафтата порасна

На валутните пазари, падна вредноста на доларот во однос на кошничката валути, по пораките од ФЕД.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 103,22 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 103,87 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 151,35 на 150,45 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0940 долари, додека вчера во ова време беше 1,0870 долари.

Цените на нафтата, пак, надоместија дел од вчерашните загуби. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,72 отсто, на 86,55 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,69 отсто, на 81,80 долари.