Цената на нафтата порасна, на златото падна

71

Европските берзански индекси денеска се нерамномерни, а американските индекси пораснаа, како и цената на нафтата на светските берзи.
Банката на Англија ќе ја објави својата одлука за каматните стапки денеска во 13 часот. Експертите предвидуваат дека ќе се намали за 25 базични поени на пет отсто, пишува Гардијан.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот падна на 18.428,95 поени, францускиот CAC 40 на 7.477,80 поени, додека британскиот FTSE 100 се искачи на 8.394,75 поени, а московскиот MOEX на 2.945 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones се искачи на 40.842,79 поени, S&P 500 на 5.522,30 поени, а вредноста на Nasdaq индексот на 17.599,40 поени.

Американската централна банка ФЕД синоќа ги задржа референтните каматни стапки во опсег меѓу 5,25 и 5,5 отсто и навести намалување на стапката во септември, пренесува Блумберг.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 78.428 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 81.402 долари.

На отворањето на берзата ТТФ се продаваа европски фјучерси на гас по цена од 35.895 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.443,43 долари за унца, а цената на пченицата порасна на 5,2890 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08185, што е приближно исто како и во средата.