Цената на нафтата повторно над 85 долари за барел

Цената на северноморската нафта брент повторно ја надмина границата од 85 долари за барел, поттикната од послабиот долар и проценките на инвеститорите дека американската централна банка можеби се приближува кон крајот на циклусот на зголемување на каматите.

Барел нафта од типот „брент“ претпладнево чини 85,64 долари, додека барел нафта од Тексас „ВТИ“ е на ниво од 81,51долари.

Цените беа поддржани од послаб долар, кој ја зајакнува куповната моќ на купувачите со други валути, зголемувајќи ја побарувачката.

За подобро да ги проценат изгледите за промена во насоката на американската монетарна политика, инвеститорите се свртуваат кон американскиот извештај за инфлацијата за март. Растот на цените во изминатите денови беше поттикнат и од одлуката на групата земји производители на нафта ОПЕК да го намали месечното производство.