Цената на нафтата повторно паѓа

76

Цените на нафтата се искачија над 94 долари на меѓународните пазари во четвртокот, поттикнати од пониските залихи во САД и веста дека кинеските власти размислуваат да ги олеснат карантините за посетителите.

Пад е забележан во утринското тргување, па сегашната вредност на нафтата брент е 91,81долари, додека барел нафта WTI се тргува по 83,96 долари, покажуваат најновите податоци објавени на веб-страницата OilPrice.

Аналитичарот на PVM Oil, Стивен Бренок, објасни дека цените пораснале поради веста објавена од Блумберг, во која се наведува дека Кина размислува да го скрати карантинот за посетителите од странство од десет на седум дена, пренесува агенцијата Мина.

Кина е најголемиот увозник на сурова нафта во светот, а оваа година продолжи со строги мерки за сузбивање на корона вирусот, кој ги запре деловните и економските активности и ја намали побарувачката за гориво.

Поддршка за цените даде неодамнешното стапување во сила на забраната за увоз на руска нафта и нафтени деривати во ЕУ и одлуката на Организацијата на земји извознички на нафта и нејзините сојузници да го намалат производството за два милиони барели дневно од ноември.

Нагорниот тренд на цените не го запре ниту во средата најавата на американскиот претседател Џо Бајден дека до крајот на годината ќе го ослободи остатокот од планираните 60 милиони барели нафта од стратешките нафтени резерви, односно 15 милиони барели.