Цената на нафтата продолжи да паѓа

Според најновите податоци објавени од OilPrice.com во четвртокот, цената на нафтата Brent продолжи да паѓа и моментално изнесува 81,64 долари, додека тексашката нафта WTI се тргува по 77,80 долари.

На лондонскиот пазар цената на барелот во средата изнесуваше 83,43 долари, додека на американскиот пазар падна за 1,28 долари на 79,58 долари, пренесува Мина, повикувајќи се на SEEbiz.

Трговците во средата беа фокусирани и на монетарната политика на САД.

Шефот на канцеларијата на американската централна банка во Атланта, Рафаел Бостиќ, во вторникот рече дека најверојатно ќе ги зголемат каматните стапки уште еднаш за да ја ограничат инфлацијата. Пазарите шпекулираат дека ФЕД ќе ги зголеми за четвртина процентен поен во мај, со што шансите за таков потег се на 85 проценти.

Официјални лица на Европската централна банка (ЕЦБ), исто така, внимателно ја следат инфлацијата и сигнализираат дека мора да продолжат да ги зголемуваат каматните стапки во еврозоната.

Фото: facebook