Цената на нафтата продолжува да паѓа

121

Цената на нафтата од утрово значително паѓа. Вредноста на барелот на лондонскиот пазар утринава падна на 100,9 долари, додека на американскиот пазар беше 95 долари за барел. Тоа е пад од околу 2% во однос на вчерашниот ден, но пад на цената е забележан и во претходните денови.

Пред околу еден месец, барел вредеше и до 130 долари. Цената потоа падна на околу 120 долари и континуирано е во минус во последните десет дена.

САД претходно најавија ослободување на значителни количини од резервите во следните 6 месеци.