Цената на нафтата се искачи на 80 долари

14

Цената на нафтата денеска се искачи на 80 долари за барел благодарение на ублажувањето на инфлацијата во САД, што според толкувањето на трговците може да ја поттикне централната банка да го заокружи циклусот на зголемување на каматните стапки во најголемата светска економија.

На лондонскиот пазар цената на барелот изнесува 80,71 долар. На американскиот пазар барелот денеска се тргува по цена од 75,92 долари.