Цената на нафтата се искачи над 109 долари

63

Суровата нафта од типот Brent достигна цена од 109,5 долари за барел, додека на американскиот пазар WTI моментално се тргува по 106,4 долари.

Пазарите со денови го следат новиот бран на пандемијата на вирусот Ковид-19 во Кина. Некои јавни простори во Пекинг се затворени, а тестирањето е проширено за да се избегне затворање како онс во Шангај. Заострувањето на мерките ја наруши работата на фабриките и синџирите на снабдување, предизвикувајќи загриженост за економскиот раст.

Загриженоста за побарувачката на нафта може дополнително да биде поттикната од забавувањето на светската економија, поради повисоките цени на суровините и ескалацијата на руско-украинскиот конфликт.

Повеќе од 500 економисти анкетирани од Ројтерс проценуваат дека светската економија ќе порасне послабо отколку што беше предвидено пред три месеци, од 3,5 отсто оваа година и 3,4 отсто следната година. Во јануари прогнозираа дека растот годинава ќе биде 4,3 отсто, а догодина ќе биде забавен до 3,6 отсто.