Цената на нафтата се искачи над 83 долари! Се чека одлуката на ОПЕК

22

Во саботата наутро цената на нафтата WTI, репер за американскиот пазар, беше 79,97 долари, а нафтата од типот брент 83,55 долари за барел, објави Oil Price.

Цените на нафтата се искачија над 83 долари на меѓународните пазари во петокот, под влијание на шпекулациите дека водечките производители ќе ја намалат понудата и во вториот квартал, а можеби и подолго, пренесува Мина.

На лондонскиот пазар по пладне цената на барелот за испорака во мај беше за 1,43 долари повисока од претходното затворање на тргувањето и изнесуваше 83,34 долари. Договорите за испорака во април истекоа во четвртокот и го затворија тргувањето на 83,62 долари.

На американскиот пазар барелот поскапе за 1,54 долари и се тргува за 79,8 долари, пишува „Хрпортфолио“.

На крајот на неделата, трговците беа убедени дека Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници ќе ја ограничат понудата и во вториот квартал. Одлуката треба да биде донесена следната недела.

„Со ограничување на понудата до крајот на годината, тие би испратиле силна порака и тоа би ги зголемило цените. Ако го ограничат до крајот на вториот квартал, цените нема значително да се променат, бидејќи можноста е веќе вклучена во цените“, објасни Карстен Фрич од Комерцбанк.

Истражувањето на Ројтерс покажа дека ОПЕК во февруари испумпа 26,42 милиони барели дневно, само 90.000 барели дневно повеќе отколку во јануари.

Цените беа поддржани од оценката на трговците дека Саудиска Арабија нема значително да ги промени цените на нафтата што им ја продава на азиските клиенти во април.

ОПЕК одделно објави дека во четвртокот цената на барел од нафтената кошничка на нејзините членки не се променила значително и изнесувала 82,01 долар.