Цената на нафтата се искачи над 87 долари

60

Цените на нафтата  на меѓународните пазари пораснаа  бидејќи трговците сè уште сметаат на закрепнување на побарувачката во Кина, а дополнителен поттик добија и од малото зголемување на залихите во САД. На лондонскиот пазар цената на барелот  изнесува 87,66 долари.

Барелот поскапе и на американскиот пазар каде се тргува по 81,22 долари.

Трговците продолжија да се фокусираат на очекувањата за закрепнување на побарувачката во Кина по ублажувањето на строгите мерки за борба против ширењето на Ковид.