Цената на парното од утре ќе се зголеми за 14 проценти

Цената на парното се зголемува за 14 проценти, соопшти првиот човек на РКЕ, Марко Бислимовски.

Овој процент, како што рече Бислимовски е она што може да го направи Регулаторната комисија, иако компаниите бараа енормно зголемување на цената, но не е фер трошокот за природниот гас да падне на грбот на граѓаните.

Тој информираше дека вчера упатил апел и до Владата и до Град Скопје и до скопските општини да помогнат.