Цената на пченката во САД е блиску до десетгодишен рекорд

48

Цената на пченката на фјучерс пазарите во Чикаго за вреќа од 25,4 килограми (бушел пченка) вчера надмина 8,0 долари за прв пат по речиси 10 години, приближувајќи се на рекордно ниво поради стравувањата од нарушување на глобалното снабдување.

Договорите за испорака на пченка во наредниот период (фјучерси) се склучуваат по цена од 8,04 долари за бушел (25,4 кг), за 2,6 отсто повисоко, бидејќи конфликтот во Украина, која е еден од водечките светски производители на оваа житарица, не покажува знаци на попуштање, пишува Блумберг.

Цените на пченката во САД не биле на ниво од 8 долари за бушел од септември 2012 година, по катастрофалната суша што ги десеткуваше приносите на средниот запад на САД, кога цената достигна рекордно високо ниво од 8,49 долари за бушел.