Цената на струјата останува иста до крајот на годината

15

До крајот на годината ќе има доволно количина на електрична енергија и сакам да ги уверам сите граѓани дека до крајот на годината нема да има покачување на цената на електричната енергија за домаќинствата. Денеска имав состанок со сите чинители од енергетскиот сектор во рамки на првиот состанок на Комисијата за електроенергетска кризна состојба и согласно сите информации од нивна страна не беше донесена одлука за прогласување на електроенергетска кризна состојба во државата”.
Ова го истакна министерот за економија Крешник Бектеши по состанокот на Комисијата за електроенергетска кризна состојба на која присуствуваа претставници од најголемиот производител на електрична енергија во земјата, носителот на лиценца за производство на електрчна енергија, носителот на лиценца за пренос на електрична енергија, носителот на лиценца за дистрибуција на електрична енергија, Регулаторната комисија за енергетика, еден експерт од областа и претставници од Министерството за економија.

Комисијата за електроенергетска кризна состојба е составена од пет члена експерти, претставник од најголемиот производител на електрична енергија – АД ЕСМ, носителите на лиценца за производство на електрична енергија, за пренос – МЕПСО, за дистрибуција – ЕВН, Регулаторната комисија за енергетика и Министерството за економија.

Нејзината цел е постојано следење, анализирање и проценување на енергетската состојба во земјава. Денеска се одржа првиот нејзин состанок, а како што рече Бектеши, се надева дека нема да има потреба за повторно нејзино свикување.