Цената на златото достигна ново највисоко ниво од 2.365 долари за унца

21

Цената на златото денеска на светските берзи се искачи на ново историски највисоко ниво од 2.365,39 долари за унца, што значи дека неговата цена од почетокот на годината порасна за 14 отсто.

Златото традиционално се смета за безбедно засолниште за капиталот во тешки времиња и како заштита од инфлација, пишува Гардијан.

Аналитичарите велат дека цените на златото пораснале поради геополитичките тензии и војните во Украина и на Блискиот Исток, кои поттикнале некои трговци да инвестираат во златни шипки.