Цената на златото го надмина нивото од 2.000 долари за унца

Цената на златото за унца ја надмина границата од 2.000 долари за прв пат од крајот на јули, во услови на тековен конфликт меѓу израелската војска и палестинската група Хамас.

Иако на почетокот на месецов изнесуваше 1.830 долари, цената постојано се зголемува од почетокот на војната на 7 октомври, јавува Anadolu Agency.

Дополнително, цената на барел нафта од типот „брент“ достигна највисоко ниво за околу еден месец и се движеше околу 93 долари.