Цената на златото падна, на пченицата порасна

93

Европските и американските берзански индекси денеска главно се во пораст бидејќи ублажувањето на стравувањата од рецесија во САД придонесе за подобро расположение на пазарите, особено на њујоршкиот Волстрит.

На крајот на минатата недела, инвеститорите почнаа масовно да ги распродаваат акциите поради стравувањата дека американската централна банка ФЕД доцни со намалување на каматните стапки, но ситуацијата на берзите сега постепено се стабилизира, наведува Блумберг.

Индексот DAX на франкфуртската берза денеска во 9:30 часот порасна на 17.693,25 поени, британскиот FTSE 100 на 8.173,44 поени, францускиот CAC 40 на 7.270,80 поени, додека московскиот MOEX падна на 2.840,4 поени.

Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 40,385 евра за мегават-час.
Цената на златото падна на 2.421,57 долари за унца, а цената на пченицата порасна на 5,4112 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,09278, што е за 0,13 отсто повисока од четвртокот.