Денеска европските берзански индекси се во најголем дел во пораст, а на берзите истовремено е забележан пад на цената на нафтата и раст на цената на златото. Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 18.296,85 поени, британскиот FTSE 100 на 8.165,45 поени, францускиот CAC 40 на 7.516,01 поени, додека московскиот MOEX падна на 3.041,67 поени.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 80.910 долари, а на нафтата „брент“ на 84.084 долари.
На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 31,245 евра за мегават-час.
Цената на златото порасна на 2.372,86 долари за унца, а цената на пченицата падна на 5,5118 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).